недела, 5. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД ИГРА: Жалгирис се пласираше на Ф-4 во Евролига, легендарниот Јасикевичиус не можеше да ги сопре солзите (ВИДЕО)

МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД ИГРА: Жалгирис се пласираше на Ф-4 во Евролига, легендарниот Јасикевичиус не можеше да ги сопре солзите (ВИДЕО)

После долги години литвански Жалгирис успеа да се пласира на Ф-4 од Евролигата, овој момент беше емотивен за сите фанови, но посебно емотивен за една од најголемите легенди на европската кошарка.

Жалгирис со 101:91 победи денеска против Олимпијакос и со конечни 2:1 успеа да се врати во кремот на европската кошарка.

Шарунас Јасикевичиус, еден од најлегендарните кошаркари во историјата, а денес тренер на Жалгирис, овој момент го виде доста емотивно и не можеше да ги сопре солзите.

Погледнете го ова видео, кое уште еднаш докажува дека спортот е многу повеќе само од игра.