сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Монако дојде до третото место на Ф4 во кошаркарската Евролига

Монако дојде до третото место на Ф4 во кошаркарската Евролига

Кошаркарите на Монако стигнаа до најголемиот успех во клупската кариера откако на Ф4 турнирот во Евролигата го освоија третото место.

Французите во малото финале на завршниот турнир во Каунас ја совладаа фаворизираната Барселона со убедливи 78-66.

Избраниците на Саша Обрадовиќ фуриозно го отворија натпреварот и веќе по десет минути игра имаа двоцифрена предност (24-13).

До крајот на мечот успеаја да го исконтролираат натпреварот и да стигнат до конечен триумф од 78-66. Стразел со 14 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 15 поени на Миротиќ.

Финалето во кое ќе се сретнат Олимпијакос и Реал Мадрид на програмата е од 19 часот.