вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

МЗТ лесно го доби Еуро Никел

МЗТ лесно го доби Еуро Никел

Пеколниот финиш на првото полувреме и серијата од 25:6 во финишот од втората и стартот на третата четвртина се покажаа како клучен фактор во убедливиот триумф на МЗТ Скопје кај Еуро Никел од (95:75).

Ова беше осма победа во низа за МЗТ Скопје Аеродром во пресметките против ривалот во ланското плејоф-финале, а шести триумф по ред во суперлигашкиот дел од годинешното првенство.

Немања Милошевиќ со 18 поени, седум скока и пет асистенции беше прво име кај аеродромци, а на спротивната страна Џексон Дубински постигна 11 поени и запиша три асистенции.

Со оваа победа МЗТ дојдовме до скор 25:4 и му зададе задача на Пелистер, најголемиот ривал за првото место пред плеј-офот, да мора да слави на утрешното гостување кај ТФТ доколку сака да се изедначи по бројот на бодови.

МЗТ е прв со 54 бодови, пред Пелистер со 52, а третопласиран е Еуро Никел кој има 45.