сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

МЗТ се засили со американскиот центар Максвел

МЗТ се засили со американскиот центар Максвел

Американскиот кошаркар Еван Максвел од денеска е нов член на македонскиот шампион МЗТ Скопје и ново засилување за екипата која ќе игра и во АБА лигата.

МЗТ договорил едногодишна соработка со 27-годишниот центар кој треба да биде освежување за екипата под обрачите, а Максвел доаѓа од украински Запорожје.

Минатата во просек постигнувал по 11 поени и 7,6 скока по натпревар, а претходно настапувал за британски Њукасл и за словачкиот прволигаш Списка.

Претходно, МЗТ го ангажираше Страхиња Миќовиќ, кој игра на позиција крилен центар, како и Американецот Мајк Кафи. Од претходната сезона останува Бре Ајви.