Екипата на МЗТ Скопје Аеродром за првиот меч од финалната плејоф-серија со Еуро Никел која ја доби со 83-81, одиграна во средата во „Јане Санднаски“, од комесарот за натпреварување на КФСМ е казнета со вкупни 42.000 денари.
Најголем дел од сумата или 30.000 денари се однесува, според официјалното образложение од КФСМ, за „загрозување на јавното здравје и здравјето на учесниците во натпреварот“, додека остатокот е поради наводна „слаба организација и слаба редарска служба“.
Како што е познато, во првото полувреме првиот финален натпревар во салата „Јане Сандански“ беше прекинат заради поголем број навивачи на трибините од дозволеното согласно здравствените протоколи.