среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

МЗТ Скопје Аеродром преку Пелистер ја освои 10-та шампионска титула во својата историја

МЗТ Скопје Аеродром преку Пелистер ја освои 10-та шампионска титула во својата историја

МЗТ Скопје Аеродром лавеше и во третиот натпревар од финалната серија во Првата македонска машка кошаркарска лига.

Играчите на Васко Атанасов во салата „Боро Чурлевски“ во Битола го совладаа Пелистер со резултат 83:92 за конечни 3:0 во финалната серија и до нов пехар во нивната историја.

Во победничките редови доминираше В. Стојановски со 33 поени, следен од Американецот Д. Вер со 16.

На спротивната страна Американецот Д. Карутерс запиша 18 поени, додека А. Маслинко имаше 15 поени.