Кошаркарската сезона во Македонија и официјално заврши вечерва. МЗТ Скопје не дозволи финалето да биде решено со „мајсторка“, на гостувањето кај Пелистер славеше со 93-102 за конечните 3-1 во плеј-офот.
На овој начин тимот од Аеродром дојде до деветата титула во својата историја, продолжувајќи ја доминацијата во мак-баскетот. „сино-белите“ заслужено се радуваа во ова финале, едноставно противникот не покажа дека има шампионски „штоф“.
Милошевиќ беше лидерот кај 31 поени, Рикиќ и Војдан беа зад него со по 17 поени. На другата страна Малешевиќ имаше 21 поен, Кесар 19.