вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

МЗТ Скопје без Бојан Крстевски најмалку два меча

МЗТ Скопје без Бојан Крстевски најмалку два меча

Искусниот кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром Бојан Крстевски има повреда на препоната, поради која ќе биде надвор од тренажниот процес најмалку во следните десет до петнаесет дена.

Крстевски речиси сигурно ќе ги пропушти дуелите против Работнички (5 март) и Ангели (12 март), додека лекарскиот тим ќе стори сè да го оспособи за дуелот против Гостивар (16 март), последен пред турнирот од АБА2-лигата во Широки.

Крстевски веќе трета сезона е еден од носителите на играта на МЗТ Скопје, а неговото отсуство ќе треба да го покријат останатите високи играчи во тимот, пред сè Роберт Рикиќ, Немања Милошевиќ и Хуан Дејвис.