Бранителот на кошаркарскиот Куп МЗТ Скопје со пресврт успеа да го победи Гостивар со 87:85 и да се пласира во полуфиналето на кошаркарскиот куп „“Благоја Георгиевски-Буштур“.
Екипата на Гостивар имаше и двоцифрена предност, во повеќе наврати, но на крајот се радуваа „металците“ и си обезбедија полуфинална пресметка со ТФТ кој пак беше подобар од екипата на Пелистер.
Одлучувачка за победата беше последната четвртина во која Гостивар дури седу минути не успеа да постигне поени.
Последната четвртина започна со серија на МЗТ Скопје од 14:0 со која поведе 82:71 и ги остави гостиварци целли седум минути без постигнат поен. Гостивар возврати со своја серија 2:12 и незвесен финиш.
На 13 секунди до крајот Војдан Стојановски и Ворку погодија по две слободни фрлања за 86:85 а потоа Дамјан Стојановски погоди само едно слободно фрлање за 87:85. Гостивар во последниот напад имаше шанса за победа, но Димитриевски не беше прецизен.
Адем Мекиќ беше лидер на МЗТ Скопје со 19 поени и седум скока, 18 поени постигна Рикиќ, додека Крстевски имаше со 17 поени и скока. Ворку беше најдобар кај Гостивар со 27 поени, 20 поени постигна Ефремовски, додека по 14 поени постигнаа Тодоровиќ и Димитриески.