четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

МЗТ Скопје го освои пехарот на „Земун куп“ во Белград

МЗТ Скопје го освои пехарот на „Земун куп“ во Белград

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром ја продолжува серијата победи во подготвителниот период пред стартот на новата сезона откако македонскиот првак го крена пехарот на „Земун купот“ што се одржуваше во Белград,

Нашиот шампион во финалето славеше над Младост Земун со резултат 86-80. Првото полувреме мина во израмнета игра во која аеродромци заминаа на одмор со два поени предност. МЗТ делуваше импресивно во првите пет минути од третата четвртина, во која слично како и во вчерашното полуфинале, македонскиот шампион успеа посериозно да се одлепи и да стигне до двоцифрено водство (58-46).

Сепак, по направените измени дојде до сериозен пад во играта на „металците“, што Младост го искористи за целосно да се врати во мечот. Српскиот состав дури имаше и предност во последната четвртина, но МЗТ заигра најдобро кога беше најзначајно, вртејќи го резултатот во своја полза.

Кафи беше најефикасен во таборот на МЗТ Скопје со 19 поени, пред Миќовиќ со 12 и центарот Максвел со 11 постигнати поени.