вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

МЗТ Скопје го преслуша ТФТ

МЗТ Скопје го преслуша ТФТ

МЗТ Скопје го совлада ТФТ на отворањето на сезоната во домашната кошаркарска лига. Ова беше пресметка на освојувачот на Купот против актуелниот шампион. МЗТ повторно беше подобар, со 74:60.

Крстевски и Кефи беа најефикасни со по 13 реализации, а Војдан Стојановски запиша 10 поени кај победникот. Во спротивниот табор по 12 реализираше „трилинот“ Ташовски-Стојановски-Андерсон.

Пред една недела МЗТ Скопје го совлада ТФТ со 100:82 во пресметката за пехарот во Суперкупот.