МЗТ Скопје Аеродром успеа да го задржи својот најдобар поединец, репрезентативецот Војдан Стојановски. Клубот кој во следната сезона се враќа во АБА лигата,.
Стојановски пристигна во Аеродром минатата сезона, а тој потег ги одушеви навивачите. 34-годишникот парафира двегодишен договор со шампионот на Македоија и ќе се натпреварува со МЗТ во јадранската елита, а одново ќе се нападне и тронот во земјава.
Се очекува Стојановски да биде лидер на екипата, па заедно со својот брат Дамјан, како и колегите од репрезентацијата Андреј Магдевски, Адем Мекиќ, Бојан Крстевски и странците, да го поведат МЗТ во добра АБА-сезона.