Македонскиот кошаркарски првак во машка конкуренција МЗТ Скопје Аеродром пред стартот на новата сезона успеа да се договори со уште еден од македонските кошарткари и го обнови договорот со Бојан Крстевски.
Крилниот центар кој има 32 години игра успешно во дресот на аеродромци веќе неколку сезони и реши да не менува средина. Крстевски и МЗТ Скопје ја продолжија соработката на уште две години со оваа екипа/
Двометрашот Крстевски во МЗТ пристигна од Работнички во 2019 година, а репрезентативецот претходно настапуваше и за Кожув, грчка Кавала, Торус, Вардар и Центар.