среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

МЗТ Скопје ќе се сретне со Сутјеска во првата нокаут рунда во АБА2 лигата

МЗТ Скопје ќе се сретне со Сутјеска во првата нокаут рунда во АБА2 лигата

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје загуби од Златибор во последниот натпревар од регуларниот дел од АБА2 лигата.

„Штрковите“ сега имаат јасна слика за тоа што треба да направат за да дојдат до посакувната цел на завршниот турнир кој ќе се одржува во нивниот дом во СЦ „Јане Сандански“ од 13 до 17 април.

Имено избраниците на Александар Петровиќ во четвртфиналето за ривал ќе ја имаат Сутјеска, тим кој вечерва загуби од Младост Земун со 88-80.

Еве како изгледа патот до првата лига:

АБА2 ЛИГА – ПЛЕЈОФ

ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ (13 април)

(1) МЗТ Скопје – Сутјеска

(2) Хелиос – Златибор

(3) Борац БЛ – Младост Земун

(4) Широки – Спарс

ПОЛУФИНАЛЕ (15 април)

(5) Победник 1 – Победник 4

(6) Победник 2 – Победник 3

ФИНАЛЕ (17 април)

Победник 5 – Победник 6