среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

МЗТ Скопје лесно го надигра Пелистер

МЗТ Скопје лесно го надигра Пелистер

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје одигра феноменален натпревар и со победа над Пелистер (95-76) се израмни со лидерот во македонската кошаркарска Суперлига, пред разигрувањето за титулата.

Најдобар кај МЗТ Скопје беше Милошевиќ со 17 поени и девет скока, пред Дејвис со 16 поени, додека Рикиќ постигна 13 поени, а кај Пелистер, Малешевиќ имаше 17 поени, пред Кесар кој се разигра во финишот кога мечот веќе беше решен и впиша 15 поени и шест скока.