Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва, на домашен терен, лесно и убедливо го совладаа Еуро Никел (77-51) со што дојдоа до шестиот триумф во низа во Првата лига и одново се искачија на лидерската позиција на табелата.
Дамјан Робев беше најефикасен во победничкиот тим со 17 поени додека Самит Јигитогли имаше дабл-дабл ефект со 16 поени и 13 скока. Јуре Планиниќ со 15 поени беше убедливо најдобар кај Еуро Никел.
Ова беше последен меч од осмото коло во Првата лига, по кое МЗТ Скопје е прв со скор 7-1 и тоа поради подобрата кош-разлика во однос на Гостивар и Пелистер, кои го имаат истиот учинок.