Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје дојде до победа на едно од најнезгодните гостувања во Првата кошаркарска лига.
Аеродромци славеа во во Гостивар со 68-77 и на тимот му го нанесоа вториот домашен пораз сезонава, по оној против Академија ФМП од пред пет кола.
Најдобар кај стрелците кај МЗТ беше Милошевиќ со „дабл-дабл“ од 18 поени и 11 скока, пред Рикиќ кој исто така даде 18 поени со шест скока зад своето име, додека Војдан Стојановски заврши со 14 поени. Кај Гостивар, Ворку финишира со 21 поен и осум скока, поддршка му беше Ефремовски со 14 поени.