недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

МЗТ Скопје не знае за пораз, падна Пелистер во Битола

МЗТ Скопје не знае за пораз, падна Пелистер во Битола

Првиот дуел од полуфиналето во кошаркарскиот шампионат во Битола помеѓу Пелистер и МЗТ Скопје Аеродром заврши во корист на гостите со 72-79, кои поведоа со 1-0 и се најдоа на победа до финалето.

Домаќинот на овој дуел имаше позитива од 16 поени, но не знаеше како да ја сочува. На другата страна скопскиот состав иако влезе уморен на оваа пресметка најде начин и сили да се врати. И на крајот да победи.

Бојиќ со 17 поени и 10 скока, Стојановски со 16 и Олуџоби со 15 поени и 10 скока, беа најефикасни кај МЗТ Скопје. На другата страна Кесар и Калахан имаа по 16 поени.

Вториот дуел меѓу овие две екипи се игра за два дена во Скопје.

foto: gol.mk