вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

МЗТ Скопје падна во Битола

МЗТ Скопје падна во Битола

Кошаркарите на Пелистер го победија големиот ривал МЗТ Скопје со (82:79) во првото коло од новата сезона во најквалитетната македонска кошаркарска лига.

Двете екипи се погрижија за неизвесен натпревар во Битола, домаќините го добија првиот период со плус три, но на полувреме МЗТ имаше поен предност.

Гостите од Скопје го добија третиот период со 20:22, со што најавија дека докрај ќе се борат за прва победа, но Пелистер направи плус пет на половина од решавачкиот период, а на 2:25 минути до крајот стигна до предност 78:71, која беше преголем залак за МЗТ.

Иако скопскиот тим успеа да ја намали предноста во финишот, Пелистер ја прослави победата со резултат 82:79. Стајиќ со 23 и Кесар со 16 поени беа најефикасни кај Пелистер, додека во редовите на МЗТ, Дејвис постигна 21, а Милошевиќ 17 поени.