Кошаркарите на МЗТ Скопје продолжуваат да редат победи во домашното првенство, откако вечерва, далеку потешко од очекувањата, го совладаа тимот на Гостивар (78-75), што за нив беше седми триумф во низа во досегашните осум кола од Првата лига.
Бојан Крстевски и Дастин Вер беа убедливо најдобри кај МЗТ Скопје со по 19 поени, со тоа што македонскиот центар имаше и пет скока, а Американецот и осум асистенции, додека Дамјан Робев и Дамјан Стојановски реализираа по девет поени, а Немања Милошевиќ на скромните два поени додаде дури 14 скока.
Еџасу Ворку го одигра можеби мечот на кариерата остварувајќи трипл-дабл со 23 поени и со по 11 скока и асистенции во тимот од Гостивар.
Претходно денеска, Кожув го совлада МЗТ Скопје УНИ Банка (104-92)/