Академија ФМП од Скопје тим кој го исфрли Пелистер на завршницата во машкиот кошаркарски Куп застана во полуфиналето и убедливо загуби со 92-72 од МЗТ Скопје во меч кој се играше во СРЦ „Кале“.
Уште од стартот аеродромци наметнаа свое темпо. Водеа со 31-20, потоа беше и 35-23, за потоа Академија ФМП да се врати преку Херис на едноцифрена негатива (35-29), но тоа беше недоволно.
До паузата МЗТ имаше плус десет (39-29), а победата се потврди со 30 постигнати поени во третиот квартал, доволни за ново Куп-финале на „штрковите“.
Андрија Бојиќ беше најдобар кај МЗТ со 18 поени, пред Николов со 14 поени, додека Крстевски и Олуџоби реализираа по 11 поени. Кај ФМП, прво име беше најдобриот стрелец Стефан Крстајиќ со 29 поени.