Актуелниот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром одигра доминантен натпревар и убедливо го совлада ТФТ со 104-81 во рамките на шестата рунда од кошаркарската Суперлига, пред разигрувањето за титулата.
Одличен во победата беше Рикиќ со 21 поени, пред Милошевиќ со 18 поени, додека Ајви заврши со 14 поени. Кај ТФТ не помогна одличната партија на Хортон кој заврши со 28 поени, Костоски уфрли 17, пред Смит со 16 поени.
МЗТ на табелата со скор 24-4 е изедначен со лидерот Пелистер, додека ТФТ е петти со скор 15-13..