петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

МЗТ Скопје триумфира над Хелиос

МЗТ Скопје триумфира над Хелиос

Македонскиот првак МЗТ Скопје го победи Хелиос (94:88) во натпревар од АБА2 лигата и стигна до четвртиот триумф во регионалното натпреварување. МЗТ стигна до првиот успех на турнирот во Сараево, а најмногу благодарение на одличното второ полувреме во кое направи целосен резултатски пресврт.

Вер со 23, Рикиќ со 21 и Мекиќ со 20 поени беа најефикасни во редовите на победничката екипа, додека кај Хелиос Ферм реализираше 20 поени.

За македонскиот состав ова е четврта победа на пет настапи сезонава во АБА2.