среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Најдобриот кошаркар на Бразил со тешка повреда на првиот меч на СП

Најдобриот кошаркар на Бразил со тешка повреда на првиот меч на СП

Бразил прескапо ја плати стартната мундијалска победа над Иран по тешката повреда што ја заработи најдобриот кошаркар на „кариоките“, Раул Нето.

Одличниот кошаркар, кој летово потпиша за турски Фенербахче, настрада при еден контранапад, останувајќи во агонија додека останатите играчи се фаќаа за глава.

Првите прегледи само ја потврдија лошата вест за Бразилците, станува збор за тешка повреда на коленото која ќе значи пауза од најмалку шест месеци, а лесно може да се случи Нето да биде „во аут“ за целата натпреварувачка сезона.