Легендата на француската и европската кошарка Нандо Де Коло како актуелен кошаркар на Асвел Вилебран испиша историја го надмина Никос Галис станувајќи најдобар стрелец во историјата на европската кошарка.
Де Коло во првата четвртина од натпреварот против Виртус постигна седум поени и така го надмина Галис кој имаше постигнато 4.092. Французинот во овој момент има 4.904 постигнати поени.
Кариерата Де Коло ја започна во Шоле во 2008 година, подоцна го носеше дресот на Валенсија (2009-2012), а потоа замина во НБА од каде што по две години се врати во Европа во ЦСКА Москва и Фенербахче.