петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

НБА: Недоволен новиот трипл-дабл наНикола Јокиќ за победа на Денвер

НБА: Недоволен новиот трипл-дабл наНикола  Јокиќ за победа на Денвер

Кошаркарите на Денвер Нагетс пораз во НБА лигата откако во првиот натпревар од денешната понуда загубија на домашен терен против Бруклин Нетс со 122-120.

Домаќините одлично го одиграа првото полувреме и на пауза заминаа со предност од 69-61. Следеше огромен пад во третиот период кој гостите го добија со деветнаесет поени разлика и во последните дванаесет минути влегоа со предност од 87-98.

Иако во финишот играчите на Денвер успеаја да се вратат во игра, последниот напад на мечот не го реализираше Никола Јокиќ, а гостите стигнаа до конечен триумф од 122-120.

Токму Јокиќ со нов трипл-дабл 35 поени, 20 скока и 11 асистенцiii беше прво име кај поразените, додека кај победникот Микал Бриџис постигна 24 поени.