недела, 4. февруари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

НБА очекува враќање на навивачите од следната сезона

НБА очекува враќање на навивачите од следната сезона

Комесарот на НБА лигата Адам Силвер изрази денеска очекување дека сите екипи од следната сезона ќе можат да ги отворат своите сали за навивачите со максимален капацитет.

– Поприлично сум оптимист, изјави Силвер во онлајн интервју спроти вечерашниот Ал-стар натпревар во Атланта.

– Веќе половина од тимовите им дозволуваат влез на навивачите, во ограничен број. Доколку вакцинирањето продолжи со ова темпо, и доколку во иднина има вакцини против Ковид-19, очекуваме следната сезона да имаме релативно исполнети сали, додаде Силвер.