понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Некогашниот европски шампион Цибона оди во стечај

Некогашниот европски шампион Цибона оди во стечај

Двократниот европски шампион, екипата на Цибона, и официјално банкротираше.

Бидејќи овој четврток е 120. ден откако сметката е блокирана, односно никако не можеле да работат преку неа, тоа автоматски значи дека клубот е во стечај. Наводно, клубот бил подготвен за такво сценарио, па имале и план како да се извлечат од овие проблеми.

Имено, неодамна беше објавено дека Цибона го започнува процесот на трансформација во спортско акционерско друштво. За ова хрватскиот кошаркарски клуб има рок од 45 дена.

Се проценуваше дека единствена шанса да се спасат гигантите е надлежните институции некако да се убедат дека преминот во спортско акционерско друштво е вистинското решение за излез од долгогодишната криза.

Хрватските медиуми посочуваат дека со доаѓањето на новото раководство, долгот на Цибона е значително намален и моментално изнесува околу 5.000.000 евра.

Планот е преку акциите на идното спортско акционерско друштво да се инвестираат два милиона, па во новиот бизнис би се влегол со долг од околу 3.000.000 евра.

Инаку, пред две сезони тимот на Цибона требаше да биде исфрлен од АБА лигата и на нејзино место да влезе МЗТ Скопје, но во последен момент хрватскиот клуб успеа да дојде до пари и да остане дел од елитното друштво.