Кошаркарскиот турнир кој се игра во Јапонија ,Индонезија и Филипините ќе биде возбудлив, а „фуријата“ доби неколку ветувања од главни играчи.
Досега потврда за настап дадоа Руди Фернандез и Серхио Љуљ, а последен на низата се приклучи и Рики Рубио.
Искусните имиња на шпанската кошарка се очекува да го предводат тимот на Светското првенство, откако на претходното Европско дел од нив отпаднаа поради повреди.
Шпанија ќе го брани трофејот од 2019 година на Мундобаскетот, но јасно е дека нема да има лесна задача.