Челниците на Евролигата го завршија состанокот кој траеше во претходните два дена.
Иако се веруваше дека може да дојде до проширување на лигата, „Еурохупс“ најавува дека и следната сезона ќе биде практично иста. Промени нема да има засега, се очекува проширување на лигата по сезоната 2024/25, но дотогаш има време и ситуацијата не се менува.
Форматот останува ист, руските клубови се и натаму суспендирани, едно место е загарантирано за освојувачот на Еврокупот, додека во второто по ранг натпреварување се сели Валенсија.
Се очекува официјална потврда на овие информации.