четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Никола Јокиќ го загуби трофејот МВП на финалето

Никола Јокиќ го загуби трофејот МВП на финалето

Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ призна дека го загубил трофејот МВП од финалето на НБА во 2023 година.

Водителката на „ESPN“, Малика Ендрјус, рече дека и е прв пат да интервјуира МВП играч на финалето, кој дошол без трофеј во рака.

– Навистина не знам каде е. Го оставив во просториите на нашиот менаџер за опрема, а потоа пехарот исчезна некаде. Така што поим немам. Се надевам дека некако ќе заврши кај мене дома, рече Јокиќ.

Србинот стана првиот играч во историјата на НБА кој е лидер во плејофот во поени, скокови и асистенции.

Денвер нагетс ја освоија првата титула во историјата, победувајќи го Мајами хит во финалната серија со 4:1.