Српскиот кошаркар Никола Јокиќ нема да биде суспендиран поради конфликтот со сопственикот на Феникс, Мет Ишбија и ќе игра за Денвер во петтиот натпревар од полуфиналето на плеј-офот на Западната конференција на НБА лигата.
Топката беше надвор од теренот, во првите редови на публиката, а Јокиќ тргна да ја земе за побргу да изведе. Топката ја држеше првиот човек на Феникс, Мат Ишбиа, па Србинот во обид да му ја одземе и го оттурна.
Според пропозициите, Јокиќ прекрши правила, бидејќи правилникот забранува излетување на кошаркар од теренот во публика, ако причината не е случајна, како што сега беше битка за топка. Јокиќ ќе плати казна од 25.000 долари, како санкција за неспортскиот потег.
Петтиот натпревар се игра во Денвер во ноќта меѓу вторник и среда. Моменталниот скор е 2-2.