недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Никола Јокиќ не е веќе прв пик за МВП во НБА лигата

Никола Јокиќ не е веќе прв пик за МВП во НБА лигата

Информациите кои доаѓаат од Соединетите Американски Држави велат дека Јокиќ повеќе не е прв пик за освојување на престижниот индивидуален трофеј и сега обложувалниците фаворитската улога му ја препуштаат на центарот од Филаделфија, Џоел Ембид.

Медиумите ова го најавија како „голем пресврт во трката за МВП титулата“, затоа што пред само неколку денови коефициентите беа 1,22 за Никола Јокиќ, а за Ембид коефициентот беше дури 6,00.

Денес кога излезе новата рејтинг-листа, изненадувачки, Ембид се најде на првото место како главен фаворит со коефициент 1,90, додека за Јокиќ е 2,50. На третото место е Гркот Јанис Адетокумбо со коефициент 4,50.