сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Никола Јокиќ од трагичар до јунак на мечот со Торонто (ВИДЕО)

Никола Јокиќ од трагичар до јунак на мечот со Торонто (ВИДЕО)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ продолжува со феноменалните партии во НБА-лига откако на последниот меч и во последните 12 секунди до крајот на дуелот од трагичар стана херој.

Прво го испратија на линијата за слободни фрлања, до тогаш немаше промашено нуту еден шут од оваа позиција, но потоа следеа првите две промашувања на мечот.

Репторси ја земаа топката и го имаа последниот напад. Флип на четири секунди до крајот шутна тројка и го промаши целиот кош, па топката се најде во рацете на Ануноби, кој се обиде да ја забие топката.

Тогаш се појави Јокиќ, го блокираше неговиот обид за голем триумф на Нагетси од 110-109.

Јокиќ средбата ја заврши со дабл-дабл од 28 поени и 15 скока, Грин застана на 19, додека Гордон на 13.

Лука Дончиќ постигна 45 поени, 15 скока и 8 асистенции, но тие не беа доволни за победа. Клиперси во последната четвртина успеаја да ја одржат предноста и да дојдат до минимален триумф од 99-97. Џексон со 24 поени беше најефикасен кај победникот.

На останатите средби Голден стејт го совлада ЛА Лејкерс со 117-115.

РЕЗУЛТАТИ

Шарлот – Мемфис 118-125

Њу Олреанс – Сан Антонио 114-124

Вашингтон – Сакраменто 110-123

Филаделфија – Кливленд 103-93

Торонто – Далас 109-110

Чикаго – Оклахома 106-101

Мајами – Бруклин 115-111

Далас – ЛА Клиперс 97-99

Голден стејт – ЛА Лејкерс 117-115

Феникс – Орландо 132-105