четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Никола Јокиќ се повреди пред стартот на новата сезона во НБА

Никола Јокиќ се повреди пред стартот на новата сезона во НБА

Најдобриот српски кошаркар, Никола Јокиќ, се повреди пред почетокот на новата сезона во НБА. На претсезонскиот натпревар против Оклахома, тој го повреди зглобот на десната рака и сега сите во клубот се загрижени.

Поради ова, тој не тренираше со тимот на Денвер. Тренерот Мајкл Мелоун објасни дека зглобот го мачи Никола и мора да донесат паметни одлуки за тоа. Во текот на подготовките, Денвер ќе одигра уште четири натпревари, прво против Чикаго, а потоа против Феникс, Лос Анџелес клиперс и Голден стејт.Денвер ја започнува новата сезона во НБА со натпреварот против Јута (20 октомври).

Но, додека повредата на двократниот МВП-играч во НБА ги загрижува, она што, секако, ги радува навивачите е враќањето на Џамал Мареј и на Мајкл Портер Јуниор. Двајца играчи кои во следната сезона, заедно со Никола, треба да бидат предводници на тимот.