Српскиот кошаркар Никола Милутинов повеќе не е член на ЦСКА Москва откако српскиот кошаркар реши да си замине од овој европски гигант по четири години минато бранејќи ги боите на ЦСКА.
Информацијата ја потврдија и самиот клуб, како и Милутинов, означувајќи крај на успешната соработка која траеше уште од 2019 година.
Тој одигра вкупно 119 натпревари за ЦСКА, при што реализираше 12,2 поени, 8,6 скокови, 1,3 асистенции и 0,6 блокади по натпревар.
„Тешко е да се каже довидување на сите извонредни соиграчи, пријатели и навивачи кои ги запознав во Москва. Уживав во секоја минута од престојот и играњето за ЦСКА, ми беше чест да го носам дресот на овој голем историски клуб. Сепак, дојде време да тргнам на друго место, но им посакувам се најдобро на луѓето од ЦСКА, убеден сум дека пак ќе се видиме и дека овој клуб ќе се врати на врвот на кошаркарска Европа“, изјави Милутинов.