Црногорскиот кошаркар Никола Миротиќ и Партизан веќе е завршена работа. Според српските медиуми тој треба во следните неколку дена да биде и официјално претставен како ново засилување на тимот предводен од Жељко Обрадовиќ.
Договорот треба да биде на една плус една година, а неофицијално тој ќе заработи 3,5 милиони евра, плус плус бонуси за пласман на фајнл-фор завршницата во Евролига и освојување на пехарот во АБА-лига.