понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Никола Силаџи нов кошаркар на битолски Пелистер

Никола Силаџи нов кошаркар на битолски Пелистер

Битолски Пелистер, веќе обезбеди големо засилување за Суперлигата, а ако обезбеди место и во разигрувањето за титулата. Нов член на клубот од Битола е Никола Силаџи. 28-годишниот српски кошаркар доаѓа во Пелистер од Кожув и веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Марјан Илиевски.

205-сантиметри високиот кошаркар е додадената вредност на Пелистер, кој треба да понуди опција повеќе на високите позиции. Силаџи сезонава е најдобар кошаркар на Кожув, со просек од 17,8 поени и 6,6 скока на 16 одиграни натпревари.