сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Николиќ: Ни треба поддршка, ќе се бориме до последен здив за опстанок!

Николиќ: Ни треба поддршка, ќе се бориме до последен здив за опстанок!

Тренерот на македонскиот кошаркарски шампион Драган Николиќ зборуваше пред медиумите во пресрет на многу важниот натпревар против Игокеа во рамките на АБА лигата.

„Металците“ во својот „Јане Сандански“ ќе го дочекаат босанскиот тим со огромна желба за победа и зголемување на шансите за опстанок во јадранското друштво.

„Се радувам што ќе играме против мојот поранешен тим, Игокеа. За него ме врзуваат многу убави спомени, а тие важат за еден добро организиран АБА-лигашки тим. Имаат за предводник млад и перспективен тренер кој е на добар пат да обезбеди учество на Игокеа во елитата и следната сезона.Пред нас се најважните 200 минути во сезоната. МЗТ мора да бележи победи и да си ги зголеми шансите за опстанок, тоа е нашата цел и ќе се бориме до крај. Очекувам полна сала и огромна поддршка од „Фемили Аеродром“, нашиот шести играч. Одиме на победа“, изјави српскиот предводник на аеродромци.

Натпреварот ќе започне во 17:00 часот.