четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Николиќ: Партизан е непобедлив дома, јасно е дека чека тежок дуел

Николиќ: Партизан е непобедлив дома, јасно е дека чека тежок дуел

Пред натпреварот со КК Партизан, тренерот на МЗТ Скопје Драган Николиќ имаше само комплименти за Партизан и за неговата форма.

„Играме против уште еден евролигаш, кој сезонава е непобедлив на домашен терен во АБА и кој исто како и нашиот претходен ривал има сериозни амбиции да влезе во плејофот на Евролигата и да ја освои титулата во регионот. Згора на тоа, формата на Партизан е во нагорна линија, што најдобро можеше да се види на неколкуте последни средби на домашен терен против Цибона, Задар и Монако, кои црно-белите ги добија убедливо. Според ова, јасно е дека нѐ чека уште еден исклучително тежок дуел против еден од најдобрите европски тимови предводен од најтрофејниот тренер во историјата. Изминатата недела ја искористивме добро да истренираме, а се засиливме со Кеандре Кук и со Абдул-Малик Абу, кои верувам добро ќе се вклопат и ќе дадат свој придонес кон остварување на заедничката цел, а тоа е опстанок во АБА“, изјави Николиќ.