Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје успеа да го добие вечното дерби против Работнички во натпревар во кој постојано ја имаше резултатската преднсот во свои раце. „Сино-белите“ до диктираа темпото на теренот, а одолеаја и на налетот на расположените гостити во самиот финиш за победа број 12 во сезоната.
Тоа воедно и прва победа за стратегот на МЗТ Скопје, Драган Николиќ во дуелите на „вечните“ па српскиот стратег не го криеше задоволството од триумфот на својот тим, но и одличната атсмофера во Аеродом, а се осврна и кон падот во играта која дозволи камбек на гостите од двоцифрена предност.
„Секоја чест за нашите навивачи, а амбиентот кој го направија. Чиста десетка и за противниците. Ова е она што ни треба, а не несреќното време на ковид-19. Ни треба на трибините двете навивачки групи да навиваат, и едните и другите да дадат сè од себе. Ние имавме, веќе знаете колку тежок натпревар пред два дена, Работнички беше посвеж. Бевме на крај на силите, но тоа не е оправдување за грешките кои ги правевме и што десет пати го вративме Работнички во игра.