петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Николиќ: Победи кошарката, се надевам на уште вакви натпревари

Николиќ: Победи кошарката, се надевам на уште вакви натпревари

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје успеа да го добие вечното дерби против Работнички во натпревар во кој постојано ја имаше резултатската преднсот во свои раце. „Сино-белите“ до диктираа темпото на теренот, а одолеаја и на налетот на расположените гостити во самиот финиш за победа број 12 во сезоната.

Тоа воедно и прва победа за стратегот на МЗТ Скопје, Драган Николиќ во дуелите на „вечните“ па српскиот стратег не го криеше задоволството од триумфот на својот тим, но и одличната атсмофера во Аеродом, а се осврна и кон падот во играта која дозволи камбек на гостите од двоцифрена предност.

„Секоја чест за нашите навивачи, а амбиентот кој го направија. Чиста десетка и за противниците. Ова е она што ни треба, а не несреќното време на ковид-19. Ни треба на трибините двете навивачки групи да навиваат, и едните и другите да дадат сè од себе. Ние имавме, веќе знаете колку тежок натпревар пред два дена, Работнички беше посвеж. Бевме на крај на силите, но тоа не е оправдување за грешките кои ги правевме и што десет пати го вративме Работнички во игра.