вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Николиќ: За нас постои само една опција на дуелот против Цибона

Николиќ: За нас постои само една опција на дуелот против Цибона

Победата во Хрватска против Сплит може да добие на вредност само ако кошаркарите на МЗТ Скопје стигнат до победа против Цибона пред своите гледачи.

Тренерот Николиќ на располагање ги има сите кошаркари, а мотивите против поранешниот европски првак нема да изостанат.

„Играме против Цибона, квалитетна екипа која и покрај многуте проблеми пред почетокот на сезоната успеа предвреме да избори опстанок. Тренерот Јосип Сесар одлично го води тимот, го освои и Kупот на Хрватска со што ги исполни целите и во тешка ситуација, со оглед на заминувањата со кои се соочи во текот на сезоната. За нас, пак, постои само една опција за овој натпревар, а тоа е победа со која единствено ќе останеме во игра за опстанок во АБА лигата. Ќе сториме сè да го оствариме тоа и покрај кадровските проблеми со кои се соочувавме неделава“, рече Николиќ.