Само неколку часа откако беше најавено дека македонскиот репрезентативец Кристијан Николов си заминува од МЗТ Скопје, шампионот објави дека Американецот, Мајк Кафи ќе го носи дресот на составот од Аеродром.
Николов кариерата реши да ја продолжи во новиот турски прволигаш Коња, а новиот плејмејкер на МЗТ Скопје, Кафи кој доаѓа од германскиот прволигаш Крејлсхем.
Дваесет и девет годишниот Американец претходно го носел средот на Запорожје, Трикала, Хелсинки, Киев Баскет, Лученец и Јашаберени.