недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Кристијан Николов потпиша за Работнички

Кристијан Николов потпиша за Работнички

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Кристијан Николов кој беше без клуб откако ја заврши соработката со Коњаспор од Турција ќе биде нов член на скопски Работнички.

Плејмејкерот во минатото го носеше дресот на МЗТ Скопје што значи ќе стане уште еден играч кој во историјата има настапувано за два најдобри, најтрофејни македонски клубови.

Работнички склопо интересен состав во кој од македонските кошаркари тука се Бобан Стајиќ, Стојан Ѓуроски, Виктор Ефремовски, Филип Бакоч и Андреј Шошкиќ, а кога се во прашање странците тренерот Мираковски ќе може да смета на Квентон Декоси, Димитрик Трис, Роберт Рикиќ и Ѓорѓе Џелетовиќ.