среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Николов: Тежок меч, Русија имаше повеќе скокови од нас

Николов: Тежок меч, Русија имаше повеќе скокови од нас

Македонија во квалификациите за пласман на Европското првенство наредата година во вториот меч загуби од Русија со 77-94, а во име на тимот на прес-конференцијата говореше Кристијан Николов.

„Одигравме еден доста тежок натпревар. Бевме малку уморни, а Русија имаше повеќе скокови од нас. Тоа беше најголем проблем за нас. Сега имаме еден ден одмор, па ќе се подготвуваме за следниот меч со Италија. Ќе го дадеме максимумот, овој тим од 15 кошаркари верува во себе. Играме за националниот тим и ќе направиме се да одиме на ЕП“, изјави Николов.

На Македонија за пласман на ЕП и се потребни две победи, но Естонија мора да загуби на мечот со Русија.