недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Нов трипл-дабл за Никола Јокиќ во победата над Бруклин (ВИДЕО)

Нов трипл-дабл за Никола Јокиќ во победата над Бруклин (ВИДЕО)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ стигна до нов трипл-дабл учинок во НБА лигата. Овој пат српскиот интернационалец на овој меч постигна 22 поени, 17 скока и 10 асистенции во победата на Денвер од 102-108 против Бриклин.

Лидер на тимот од Колорадо сепак беше Портер кој реализираше 28 поени и 9 скока, додека него го следеше Мари со 25 поени и 8 асистенции. Бриџис беше прво име кај Бруклин со 23 поени.