недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Нови правила во кошаркаската Евролига

Нови правила во кошаркаската Евролига

Тренерите во кошаркаската Евролига ќе имаат право на два „челинџа“ по натпревар од оваа сезона во елитното натпреварување.

Она што се шпекулираше пред редовниот состанок на Бордот на тренери во Евролигата, го потврди шефот на стручниот штаб на Жалгирис, Казис Максвитис, во интервју за клупската телевизија по враќањето во Каунас.

Нема суштински промени во правилата на игра. Една од нив е промената на правилата за челинџ, отсега секој тренер ќе има право на два, наместо на еден. Исто така, судиите ќе имаат помалку можности да ја прекинуваат играта, бидејќи натпреварите траеја предолго, изјави Максвитис.