среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Објавена видеоснимката, Ханикат пукал во полицијата (ВИДЕО)

Објавена видеоснимката, Ханикат пукал во полицијата (ВИДЕО)

Полицијата во Лос Анџелес објави видео од инцидентот во кој беше убиен поранешниот кошаркар на Химки- Тајлер Ханикат.

На почетокот на јули, Ханикат беше убиен во размена на оган со полицијата, а во деновите по настанот деталите останаа нејасни.

Мајката на кошаркарот повикала полиција со намера да му помогне на нејзиниот син, кој се однесувал неконтролирано и дома држел оружје.

Видеото покажува дека Ханикат пука на претставниците на законот и покрај обидите на полицајците да го смират без инциденти.

Објавен е и повикот на мајката на кошаркарот кон 911, како и комуникација меѓу полициските службеници.

Подоцна беше утврдено дека спортистот бил под влијание на наркотици. Се претпоставува дека ќе биде потребно повеќе време за завршување на целата истрага.