Европската кошаркарска јавност е шокирана од инцидентот предивикан од неспортската лична грешка на Серхио Љуљ во финишот на дуелот Реал Мадрид – Партизан.
Сепак, и покрај тоа што тепачката и прекинот на натпреварот е топ-тема, големиот џентлмен, Жељко Обрадовиќ се обиде да го минимизира и испрати порака за партизановите фанови пред третиот меч кој на програмата е во вторник во Белград.
„Имаме 2-0 и среќни сме за начинот на кој игравме. Она што се случи на крајот не е добра слика ниту за Реал Мадрид, ниту за Партизан. Ова не смее да се повтори никогаш. Ќе се обидам да ги смирам тензиите. Евролигата ќе решава за казните, има видео снимка и убаво се гледа кој го почна инцидентот“, рече Обрадовиќ по мечот.